Четврток почнува со претежно ведро време, освен во мал дел од котлините низ земјава, каде што локално е можна појава на слаба магла и на ниска облачност. Сепак, остатокот од денот ќе помине во сончево време со слаб ветер.
Според метеопро.мк, максимална температура 22 Целзиусови степени се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион 21 Целзиусови степени. Максимална до 25 Целзиусови степени се очекува во југоисточниот крај.
Во скопската котлина се очекува сончево време со услови за локална, слаба и краткотрајна утринска магла наутро. Максималната вредност на температурата ќе достигне вредност околу 23 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.