| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски со победа на кариерата, Алба во Берлин го надигра НБА шампионот Сан Антонио спарс

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски ја зебележа веројатно највредната победа во кариерата и тоа во дресот на Алба, а во Берлин вечерва „падна“ НБА шампионот Сан Антонио спарс. Пред околу 14 илјади гледачи во „О2“ арената во Берлин, германскиот тим славеше со 94-93 против тимот што ја има навредната кошаркарска круна на планетата, титулата во НБА.

vojdan

Спарс водеа до последните моменти со 93-92, но Германците направија одлична акција и го шокираа фаворитот со кош за победа од 94-93. Иако се работи за пријателски меч во составот на Сан Антонио беа сите познати ѕвезди предводени од Тони Паркер кој постигна 28 поени и Тим Данкан, кошаркар што оствари дабл-дабл учинок од 14 поени и 10 скока.

Стојановски одигра нецели 6 минути и забележа 4 поени, со шут од поле два од два.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top