| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Препораката од ЕК потврда дека сме подготвени за преговори со ЕУ

Шестата последователна препорака од ЕК е потврда дека РМ е подготвена да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ. Продлжуваме на патот кон евроинтеграциите со вложување максимални напори за реализација на оваа стратешка цел, која бара надминување на теснопартиските и лични интереси, изјави вечерва премиерот Никола Груевски на заедничката прес конференција со евроамбасадорот Аиво Орав кој му го предаде Извештајот за напредокот на земјата за 2014 година.

ora

– И покрај сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме на повеќе планови сепак Комисијата одлучи дека Македонија заслужува нова препорака со што потврдува дека нашата земја има достигнато ниво на реформи, односно е подготвена да отпочне пристапни преговори за полноправно членство со ЕУ. Дури и покрај извесноста од тоа што не чека во Советот во
декември, односно повторно неприфаќање на препораката од страна на Советот како и изминатите пет пати досега, Комисијата остана доследна на својата политика и ние тоа го цениме, истакна премиерот Груевски.

ora1

Според него, шестата по ред препорака меѓудругото е показател за постоење на континуитет во исполнувањето на критериумите и постојаното подобрување на процесите, како и доказ за неспорната волја за надминување на предизвиците и исполнување на нашата стратешка цел – влез во ЕУ.

– Овој Извештај е најдобар доказ за тоа дека ние и покрај препораката која ја имаме поради билатералниот спор со Грција и покрај сите можни предизвици кои ни се поставија на нашиот пат во изминатиот период сепак не скршнавме и не се откажуваме од ЕУ агендата, посочи шефот на Владата.

ora3

Тој подвлече дека овогодинашниот извештај констатира задоволително исполнување на политичките критериуми, големо подобрување за економијата, како и прогрес во правосудството и јавната администрација, области на кои, како што исткана, бевме насочени изминатиот перод. Додаде дека хармонизацијата со ЕУ легислативата е исто така на високо ниво.

Области на кои ќе се фокусира Владата идниот период, рече, се продолжување на работата во однос на предизвиците во областа на политичкиот дијалог, медиумите, меѓуетничките едноси и самостојното функцонирање на институците.

ora4

Тој истакна дека и унаредувањето на добрососедските односи останува искрена и суштинска заложба на Македонија.

– Како Влада имаме јасно изразена волја и сме подготвени да разговараме за надминување на спорот со јужниот сосед кој Република Македонија ја попречува во нејзината евроинтеграција.

Тоа е прашање за кое имаме континуиран став дека за решение е потребна подеднаква ангажираност и на двете страни, но потребен е поинтензивен и делотворен ангажман и на самата ЕУ. Се согласуваме со констатацијата дека сме во еден генерален статус кво од кој мора со заеднички напори што поскоро да излеземе, рече Груевски.

ora2

 

Подвлече дека реформскиот процес мора да продолжи и да добие своја нова перспектива, а како што нагласи, Европскиот совет не смее да ги игнорира препораките на Комисијата, затоа што, вели, на тој начин, за жал, неисклучувајќи ничија одговорност се генерираат предизвици за целото општество кои подоцна само се искористуваат за воведување нови теми за оние кои
не сакаат Македонија да ја видат интегрирана.

Владата, додаде, ќе остане посветена и ќе продолжи да работи на области каде е потребен дополнителен напредок, подвлекувајќи дека е потребна ангажираност, посветеност, но и одговорност на сите субјекти во општеството, нагласувајќи ја потребата од надминување на, како што истакнува, теснопартиските интереси.

– Ние согледавме и сериозно ќе се посветиме на областите кои треба да бидат подобрени. Постојат и полиња и прашања за кој што е потребен ангажман и несмалена вклученост и на останатите субјекти. Нивната поддршка на процесите и јакнење на демократските капацитети е подеднакво значајна и секој треба да ја сфати сопствената одговорност во овој процес и наспроти исполнување на теснопартиските и лични интереси за што некои веќе отишле за жал предалеку. Треба да се гледа што е интерес на државата и граѓаните и да се постапува согласно тој интерес, порача меѓудрогото премиерот Груевски.

ora5

Евроамбасадорот Авио Орав го повтори ставот изнесен на денешната прес-конференција дека Извештајот е многу искрен и носи препораки до власта, опозицијата како и до членките на ЕУ.

Во однос на политичкиот дијалог подвлече дека одговрноста е надвет страни и изрази надеж дека тој што е можно поскоро треба да продложи во Парламентот.

Извештајот на ЕК за напредокот на РМ денеска Орав го презентира и пред шефот на државата Ѓорге Иванов и пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top