Состојбата на повредените во тешката сообраќајна незгода, што денеска нешто по 13 часот се случи на регионалниот пат Дебар – Струга кај селото Велешта, е стабилна, информираат од специјалната болница Св. Еразмо во Охрид. Таму попладнево од општата болница во Струга беа пренесени тројца потешко повредени. Една жена кај која биле констатирани повреди на главата и рамето, по извршената имобилизација била пуштена на домашно лекување, додека другите двајца пациенти се задржани на понатамошно иследување, објави „Охридњуз“.
-Сите пациенти се во стабилна состојба и во моментов се надвор од животна опасност. Еден од потешко повредените е пренесен на одделението за интензивна нега, каде се следи неговата здравствена состојба -изјави Д-р Митре Милошоски – неврохирург во специјалната болница Св. Еразмо.
Во судирот ма минибус и камион, повредени беа 11 лица, повеќето ученици. Повредените биле пренесени во општата болница во Струга, а по укажаната помош најголемиот дел од нив се пуштени на домашнио лекување.
Како што информираа од СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога минибусот со струшки регистарски таблици кој вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во камион марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. На местото на настанот извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините кои довеле до сообраќајната незгода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



