| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска нема бесплатен паркинг во „Сити мол“

Посетителите на трговскиот центар „Сити мол“ од денеска ќе плаќаат паркинг. Освен првиот час кој ќе биде бесплатен секој нареден ќе се наплаќа по 40 денари.

На флаерите од трговскиот центар стои дека 5 часа се еднакви на 40 денари, но и дека секој следен час е 40 денари, што е збунувачко за граѓаните кои се незадоволни од ваквата новина.

Според нив, сметката што ќе ја направат во трговскиот центар не им го покрива паркингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top