Локаните власти во северна Грција се скараа за тоа кој треба да го гради тематскиот парк за Александар Велики, насловен „Александарленд“, јави дописникот на МИА од Атина.
Градоначалничката на Верија, Харула Усулцоглу, одржа прес-конференција, на која се пожали дека плановите кои минатата недела ги откри заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, за изградба на таков тематски парк во близина на Солун се копија на нацрти кои општината Верија ги направила уште во 2007 година.
– Планот на општината Верија вклучувал тематски парк, хотел, амфитеатар и библиотека, кои би биле изградени на површина од 35 хектари во близина на Вергина, родното место на македонскиот крал – информира Усулцоглу.
Цамаслис минатата недела соопшти дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот. „Александарленд“, по примерот на „Дизниленд“, ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудиовизуелни презентации и изложби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција