| четврток, 6 декември 2018 |

Орав ќе им го врачи извештајот од ЕК на Груевски и Иванов

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес ќе оствари средба со евроамбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Аиво Орав.

aivo orav 4 (Custom)

Како што соопштуваат од Владата, во рамки на средбата Орав ќе го предаде Извештајот за напредокот на Република Македонија кон Европската Унија за 2014 година.

izvestaj 1 (Custom)

Претходно евроамбасадорот ќе оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на кого исто така ќе му во врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година, подготвен од Европската комисија.

aivo orav 6 (Custom)

Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top