
За два месеца во руралните средини во Македонија ќе бидат отворени 66 аптекарски станици. Тоа би значело дека 132.000 жители ќе имаат полесен пристап до медицински лекови.
Kако што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, сите ПЗУ Аптеки кои имаат отворено две или повеќе аптеки во една општина, односно пет или повеќе во Македонија, се должни да отворат аптекарска станица во рурална средина, односно во места каде што има до 3.500 жители, во спротивно ќе им се одземе лиценцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


