
Француската хит комедија „Што сме му згрешиле на бога” од 9 октомври, четврток, ќе почне да се емитува во кината низ Македонија. Францускиот режисер Филип де Шоверон во филмот ги има собрано најголемите ѕвезди Кристијана Клавијеа, Шантал Лоби и Арија Абитана.
Следејќи ги трите сестри, Лаура на родителите им соопштува дека ќе се омажи за интересен човек. Дали , по три свадби со гости од различни вери, родителите на невестата ќе се најдат во средина на расна, национална и верска расправија? Клод и Мари со години го градат угледот на нивното семејство. Имаат четири преубави ќерки. Три наследнички имале мултикултурни венчавки, кои родителите не ги прифатиле баш убаво. Кога најмладата ќерка, Лаура, ќе реши да се омажи за Чарлс, тоа потполно ќе им ги пресече нозете. Конечно дочекале една традиционална венчавка!
Меѓутоа, тој момент кога најдрагата ќе им соопшти дека нејзиниот иден сопруг е од Африка, работите неверојатно ќе се искомпликуваат. Во целата бркотница ќе усчествуваат и зетовите.
Францускиот филм „Што сме му згрешиле на бога“, кој им се потсмева на предрасудите, досега го имаат погледнато преку десет милиони гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


