Актерката Џенифер Лоренс, која се најде во скандалот со голите фотографии, за магазинот „Венити фер“ ја раскажа својата приказна.
– Сакав да напишам извинување, но не знам на кого би му се извинила. Најтешко ми беше кога морав да го побарам татко ми и да му кажам што се случило. За среќа, беше добро расположен, играше голф – изјави актерката.
Таа раскажува како се сретнала со многу непријатности поради упадот на нејзиниот профил.
– Тоа е мое тело и моја работа е кому ќе му дозволам да го гледа моето тело. Секогаш кога некој ќе ги спомене фотографиите се срамам – додава Лоренс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


