Првиот голман на Ливерпул Белгиецот Симон Мињоле не е во добра форма оваа сезона, и како стојат работите ќе добие сериозна конкуренција во тимот. За разлика од претходната година кога беше еден од најзаслужните за второто место во премиер лигата, оваа година е далеку од минатогодишната форма, и се повеќе се зборува дека е далеку од голман од светска класа.
Управата на клубот сериозно размислува за доведување нов играч на таа позиција, а меѓу најсериозните конкуренти е поранешниот голман на Барселона Виктор Валдес.
Валдес долго време беше повреден, а во меѓувреме му истече договорот со каталонскиот гигант. Тој сега е слободен играч бидејќи не успеа летово да направи трансфер во Монако и Олимпијакос бидејќи не ги мина лекарските прегледи.
Тој има 32 години, ги скина лигаментите во март и веќе седум месеци нема настап. Неговите менаџери соопштуваат дека тој тренира индивидуално и е подготвен да се врати на терените веќе во октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


