Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со членовите на претставничкиот дом на Конгресот на САД, г-дин Мајк Тарнер, г-ѓа Лорета Санчез и г-дин Пол Кук.
Соговорниците позитивно ги оценија односите помеѓу двете земји, и на билатерално и на мултилатерално ниво, и ја истакнаа позитивната соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во сите сфери од взаемен интерес.
Двете страни ја истакнаа значајноста на евроатланскиот интегративен процес на Република Македонија.
Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се преземаат за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја.
Членовите на американскиот Конгрес го истакнаа позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, и ја истакнаа поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата.
Соговорниците разменија мислење и за теми од регионален карактер.
Двете страни го истакнаа својот ангажман и заложбите за понатамошно продлабочување и унапредување на односите помеѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски





