Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска подари двесте книги на библиотеката при Духовно- културниот центар во Лешочкиот манастир. Во колекцијата на книги застапени се дела од современите македонски писатели: Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Божин Павловски, Радован Павловски, Милан Ѓурчинов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Раде Силјан,Веле Смилевски, Славе Ѓорго Димовски, Владимир Костов,Трајче Кацаров,Јован Павловски, Јован Дамјановски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Игор Крајчев и др.

Во рамките на свечениот чин, во 18 часот во манастирскиот камплекс ќе биде промоворан новиот роман „Мирисот на лагата“ од современиот македонски писател Јован Дамјановски, издание на „Панили“ од Скопје.
За делото на писателот, кој живее и твори во Тетово, ќе говори поетот и литературен критичар, Раде Силјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми


