
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска се сретна со членовите на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук.
Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците позитивно ги оценија односите помеѓу двете земји, и на билатерално и на мултилатерално ниво, и ја истакнаа позитивната соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во сите сфери од взаемен интерес.
Двете страни ја истакнаа и, како што се наведува, значајноста на евроатланскиот интегративен процес на Република Македонија.
– Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се преземаат за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја – се вели во соопштението.
Членовите на американскиот Конгрес, пак, го истакнаа позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, и ја истакнаа поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата.
Соговорниците разменија мислење и за теми од регионален карактер.
Двете страни го истакнаа својот ангажман и заложбите за понатамошно продлабочување и унапредување на односите помеѓу двете земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


