| четврток, 6 декември 2018 |

Се реставрира и санира црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран

Министерството за култура го финансираше проектот за непосредна заштита на црквата „Свeти Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од 19 век. Во тек е третата фаза од реконструкцијата, стручните служби на Заводот и музеј – Струмица ги изведуваат реставраторско-санациските работи на внатрешните ѕидови од објектот, а интервенциите од оваа фаза се подготовка за активностите предвидени за 2015 година.

Sv. Ilija 5    1700

Во изминатите фази од реализацијата на овој проект, беше извршена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што се оформи целосно подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности им претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, при што беа откриени постари сакрални градежни структури. Втората фаза беше реализирана во 2013 година и подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата.

Финализацијата на активностите околу непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ се планира за 2016 година со што ќе биде одбележана стогодишнината од бомбардирањето на објектот во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставен надвор од употреба. За тогаш се предвидува и преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top