| четврток, 6 декември 2018 |

Четири премиери во „Синеплекс“ оваа недела

Филмот на Ханс Питер Моланд „По ред на исчезнување“ е  норвешка драма со комични елементи, која навлегува во длабоките слоеви на норвешката и српската мафија. Нилс вози трактор и живее безгрижно во зимскиот рај, гратчето Бајтостолен. Меѓутоа, ненадејната смрт на син му го внесува во војна на дроги меѓу норвешката мафија и Србите. Во тој свет тој е само почетник – вооружен со јака машина и почетничка среќа. Награди и фестивали: Берлински филмски фестивал – службена конкуренција
Што сме му згрешиле на Бога

Француската комедија „Што сме му згрешиле на Бога“ нè носи во животот на католичкото семејството Вернеј, кое се подготвува за свадбата на четирите ќерки. Но, од моментот кога родителите ќе се запознаат со идните зетови, нивната среќа се менува…
Угледна висока класа – ценети родители со четири преубави ќерки. Три од нив имале мултикултурни свадби кои родителите не ги прифатиле сосем фино, но кога четвртата ќерка Лаура ќе реши да се омажи за Чарлс, тоа целосно ги вчудовидува! Најпосле една традиционална свадба. Меѓутоа, во тој миг кога Лаура ќе им соопшти дека Чарлс има африканско потекло наеднаш сè тргнува на лошо. Едната сестра планира да ѝ ја саботира свадбата, додека другата запаѓа во длабока потиштеност. Единствената личност што ќе се покаже како нејзин верен сојузник е нејзиниот свекор Анде.
ANNABELLE

Во хоророт „Анабела“ куклата Анабела е подготвена за најголемото зло. Таа е чувана во култниот музеј во Конектикат – каде што ја посетува само свештеникот, кој ѝ носи благослов двапати месечно. Хоророт „Анабела“ се одвива пред да се случи најголемото зло во светот. Џон Форм го пронаоѓа совршениот подарок за својата бремена сопруга Миа – убава, стара и ретка кукла во чиста бела венчаница. Но, одушевувањето на Миа со Анабела не трае долго. Една страшна ноќ, нивниот дом е нападнат од членови на сатанистички култ, кои насилно ја напаѓaат двојката. Крв и терор не е сè што останува зад нив. Припадниците на култот имаат создадено нешто што е толку зло што ништо што тие би можеле да направат не би можело да се спореди со злото наречено Анабела.
Пчеличката Маја

„Авантурите на пчеличката Маја“ е германска книга напишана од Валдемар Бонселс и објавена во 1912 година. Книгата е објавена и на многу други јазици, а се појави и како стрип, анимирана телевизиска серија и сега како долгометражен филм.
Во заднината на долгогодишен конфликт меѓу пчелите и стршените, Маја е родена во свет на ред и на закони. Нејзините урнебесно чудни обиди да се вклопи „и да биде пчела“ ја доведуваат во неволја со тесноградата советничка на кралицата Базлина. Нејзиниот ентузијазам ќе ја однесе до ливадата каде што го наоѓа Флип, скакулецот виолинист, мудар и пријателски ментор, кој ѝ открива прекрасни цвеќиња и некои други жители. На училиште, љубезната учителка госпоѓа Касандра се обидува да ѝ помогне на Маја да учи заедно со другите мали пчели, но реакциите на нејзините соученици на нејзината живост и прашањата ја прават да се чувствува како да не припаѓа тука. За среќа, Вили, кој, исто така, нема пријатели и Маја откриваат дека си се допаѓаат еден на друг. Заедно со својот пријател Вили, Маја одлетува на ливадата во возбудлива авантура за самоспознавање. Долговечноста на пчеличката Маја и нејзината популарност кај децата и возрасните се должи на нејзината волшебна приказна, исполнетите и интересни ликови и пораките што ја нагласуваат важноста од тоа да се биде свој и да се помага и споделува со другите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top