| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајка, загубил контрола и удрил во ѕид

Две жени се тешко повредени, во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово, откако возилото со кое се превезувале удрило во заштитниот ѕид и се превртело.

Автомобилот  „хјундаи-акцент” што го управувал 68-годишниот Р.Н. од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид.

Од ударот возилото се првртело на коловозот при што двете сопатнички Б.Н. (43) и М.Н. (38) се здобиле со тешки повреди. Набрзо по несреќата, биле згрижени во гостиварската болница, а потоа како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top