| четврток, 6 декември 2018 |

В петок почнува десеттото, јубилејно издание на Фестивалот на новиот германски филм

Фестивалот на новиот германски филм годинава одбележува јубилеј – 10 години постоење или 10 години како Прокредит банка и Амбасадата на СР Германија ни приредуваат еднонеделна ревија на современи германски филмови во Скопје и во поголемите градови.

Германскиот фестивал почна во МКЦ – Кино Фросина, префрлајќи се потоа во киносалите на три града. Пред три години отворањето на фестивалот транзитираше во киносалата „Милениум“, која има 530 седишта. За останатиот дел од фестивалот, кој се одвива во кино Фросина, се бара карта повеќе и салите се полни. Градовите во Македонија се зголемуваа, почнувајќи од 3, денес бројката е порасната на 10 града, вклучувајќи го и Скопје, во кои патува фестивалот. Исто така, почна прикажувањето на детските филмови во 3Д технологија. Еволутивната природа на фестивалот е евидентна, што е мотивирачко и за самите организатори.

Picture5

Новата амбасадорка на СР Германија, д-р Кристине Алтхаузер, го продолжи проектот „Фестивал на новиот германски филм“.

– Ми претставува особено задоволство што имам можност да ви го претставам 10. Фестивал на новиот германски филм. Отворањето е на 10.10.2014 во 19 часот во Кино „Милениум“. Фестивалот е најголемото достигнување на културната дејност на германската амбасада во Скопје и се одржува во соработка со нашиот докажан партнер, Прокредит банка. Од големата понуда на германски филмски продукции годинава, кога славиме јубилеј, направивме избор на 10 играни филма, плус два детски филма и два документарни филма. Филмовите нудат можност за прикажување на нашата земја и нејзините култура и општество во сета нејзина разновидност пред голема публика. Нашите филмови раскажуваат приказни за луѓе и за нивните различни судбини, играат во различни времиња, од Првата светска војна до падот на Берлинскиот ѕид. Тоа што прикажуваме филмови во оригинал со превод сигурно ќе израдува голем број луѓе, и млади и стари, кои го изучуваат и зборуваат германскиот јазик. Прекрасно е: јазикот на филмовите е универзален и разбирлив за сите гледачи. 10 години германски филмови, од Скопје преку Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Велес, Струмица и како десетти град, Охрид, „бисерот на Балканот“, тоа е успешна приказна која сакаме да ја продолжиме со многу ентузијазам. Се надевам, заедно со сите организатори, дека ќе има многу, многу посетители – вели таа.

germanski film (Custom)И оваа година, сите претстави, освен свеченото отворање (кино Милениум), ќе се прикажуваат во кино „Фросина“, во рамките на МКЦ, со почеток во 19.00, 20.00 и од 21.00 часот, како и викендот од 11.00 часот за проекциите наменети за најмладите, во периодот од 11 до 16 октомври. Репертоарот на овој фестивал изобилува со избор за сите вкусови, од филмови за најмладите, преку драмите до документарците во кои граѓаните на Скопје, заедно со Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид, ќе можат да го проследат и десеттото издание.
 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top