Аргентинецот Габриел Батистута доби место во „Куќата на славните“ на Фиорентина, а на свечениот прием тој реагираше многу емотивно и заплака.
– Среќен сум што и официјално влегувам во историјата на Фиорентина. Бев многу возбуден кога ме повикаа да дојдам, а сега сум одушевен, изјави Батистута.
Батистута стана еден од најдобрите напаѓи во историјата на „виолетовите“, тој на 332 натпревара постигнал 207 голови.
За својата посветеност кон Фиорентина и придонесот клубот да се издигне меѓу подобрите во Италија, Батистута доби и биста пред стадионот „Артемио Франки“.
45-годишниот Батистута за Фиорентина настапуваше во периодот 1991-2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.