
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски ја отвори конференција на тема „Западен Балкан – иднината на интеграцијата“, која се одржува во Рим, Италија, во организација на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО, во соработка со италијанското претседателство со Советот на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.
Пред присутните учесници, министерот Јолевски, упатил благодарност до претседателот на Фондацијата, и поранешен заменик на генералниот секретар на НАТО, Алесандро Минуто-Рицо и до другите организатори на поканата за учеството на оваа конференција.
– Република Македонија во изминативе години вложи многу напори да изврши многубројни реформи со цел достигнување на членство во евро-атлантските организации. Членството во ЕУ и во НАТО е од стратегиско значење за нашата земја. Нашето членство во овие организации ќе значи постабилен регион, побезбедна Европа. Меѓутоа морам да истакнам дека овие реформи, македонската влада и парламентот ги прави за да го подобри квалитетот на животниот стандард на своите граѓани, да обезбеди почитување на правната држава, да овозможи економски просперитет и поквалитетна здравствена заштита. Овие реформи се битни за македонските граѓани за подобрување на нивниот животен стандард. Институциите во Македонија и понатаму ќе продолжат со имплементирање на реформите, нагласил во обраќањето Јолевски – соопшти денеска МВР.
Во тој контекст, истакнал министерот за одбрана, Република Македонија ги има исполнето сите критериуми за пристапување во НАТО.
– И покрај тоа што поминаа шест години од нанесената неправда во Букурешт, ентузијазмот се уште не нема напуштено. Со прием на Македонија и Црна Гора ќе се испрати порака до идните земји кандидати дека НАТО ја негува политиката на отворени врати – рекол министерот Јолевски.
Конференцијата има цел да даде една нова појасна слика за земјите од Западен Балкан, каде се и каква стратегија да применат во иднина во контекст на интеграциските процеси, се појаснува во соопштението од МО и се додава дека согледувањата се дека секоја земја аспирант се соочува со различни проблеми и оти можеби регионалната соработка е можноста за надминување на истите.
На конференцијата учествуваат високи гости од Италија, Чешка, Австрија, и од земјите од регионов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


