| четврток, 6 декември 2018 |

Доколку Каталонија се отцепи, Барса ќе ѝ каже збогум на Примера

Доколку Каталонија се осамостои, по референдумот кој е закажан на 14 ноември, тогаш Барселона и Еспањол не би можеле да се натпреваруваат во шпанската Примера.

Покрај кампањата „за“, тргна и кампањата „против“. Ова се однесува, пред сѐ, за фудбалската јавност, а се потенцира дека Барселона и Еспањол ќе мора да ја напуштат Примера доколку Каталонија се отцепи од Шпанија.

– Ако Каталонија стане самостојна, тогаш Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го менуваме Законот за спорт – изјави првиот човек на лигата, Хавиер Тебес.

Со оваа негова изјава тој практично му се закани на раководството на Барселона бидејќи, како што е познато, овој клуб отворено се залага за отцепување на Каталонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top