
Најпопуларниот веб-сајт за временска прогноза „Акуведер“ (Accuweather) најавува топла зима, со речиси пролетна температура во октомври и во ноември, а температура со минус се очекува дури во јануари наредната година. Сепак, треба да се има предвид дека долгорочните прогнози се само ориентациски и често знаат да бидат непрецизни.
Според прогнозите, освен на повисоките места, снег речиси нема ни да има.
Се прогнозира просечната октомвриска температура да биде 12 степени, додека кон крајот на октомври температурата ќе падне до шестиот степен. Во ноември и во декември, пак, температурата ќе се движи од 3 до 8 степени.
Најстудено време се прогнозира за крајот на јануари кога температурата ќе се спушти до минус 3 Целзиусови степени, кога се очекува и првиот снег, кој нема долго да се задржи.
Најголемо температурно изненадување ќе донесе февруари, за кога се прогнозира натпросечно топло време со температура и до 8 степени.
Според „Акуведер“, во март ќе почне вистинската пролет со температура од 15 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


