Дел од спортистите во Франција се вклучија во донацијата за здружение за борба против ракот на дојка. Меѓу успешните француски спортисти се најдоа и четворица ракометари, браќата Карабатиќ, Вилијам Акамбре и Даниел Нарцис.


За таа цел тие се сликаа во разголено издание и 40 црно-бели фотографии ќе се најдат на официјалниот календар. Цената на календарот на кој ќе се најдат нивните фотографии изнесува 29 € а веќе може да се изврши нарачка за истиот.

Приходот од продажбата ќе се намени за здружението за превенција на рак на дојка Le Cancer du Sein, Parlons-En!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


