| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиствен напад и четири мртви полицајци-порака до Русија, се чека одговор од Путин

Порака од Саудиска арабија или од ЦИА или од двете? Самоубиствен напад усмрти четворица полицајци пред концертна сала во Чеченија. Се очекува одговорот на Путин. Повредени се уште тројца полицајци при обидот да го приведат осомничениот бомбаш самоубиец. Момчето детонирало импровизиран експлозив кога полицаецот се обидел да го претресе.

Инцидентот се случил пред концертот посветен на денот на градот. Според министерството за внатрешни работи, полицијата воочила сомнителен човек надвор од концертната сала.

-Полицајците кои управувале со детектори за метал на влезот во салата го забележале сомнителното момче. Кога одлучиле да го проверат, момчето се раснесло, рекол локален полицаец за агенцијата РИА.

На лице место лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров рекол дека бомбашот самоубиец му се приближил на обезбедувањето и се претставил како „полициски службеник“. Сепак, п0лицијата го претресла, додал Кадиров.

Нема извештај за загинати или повредени цивили на лице место. Иако локалните медиуми известуваа дека самоубиецот преживеал, Националниот антитерористички комитет на Русија рече дека човекот загинал заедно со жртвите од експлозијата. Полицијата го идентификувала како локален жител кој пред два месеа го напуштил својот дом.

Министерот за внатрешни работи Владимир Коколцев нареди постхумно наградување на четворицата полицајци кои го „сопреа терористот и го спречија да влезе на местото каде се одржуваше јавен настан“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top