| четврток, 6 декември 2018 |

Мухамед Зекири од Охрид и Бенјамин Ху од Грчец се приведени за тероризам во Турција

Мухамед Зекири од Охрид и Бенјамин Ху по потекло од Грчец се единствените македонски државјани за кои турската полиција потврдила дека се приведени за тероризам, објави „Сител“.  Дали тие се на листата предадени на Исламската држава нема потврда. Македонската полиција нема добиено  информации за наводната размена на заробеници кои според пишувањата на светските медиумски мрежи била изведена во рамки на договорот за ослободување на киндапираните од турскиот конзулат во Мосул.

– На почетокот на годината бевме известени од турската полиција за приведувањето на охриѓанецот Мухамед Зекири и Бенјамин Ху за терористичкиот напад во кои загинаа припадници на турската полиција. По проверките беше утврдено дена Ху нема македонско државјанство, но досега немаме добиено било каква информација за нивно ослободување или размена, вели Иво Котевски помошник министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top