
За младешкиот тен и изглед исклучително е важен добриот и квалитетниот сон. Тоа вклучува задолжителни осум часа сон кои овозмможуваат кожата да се регенерира и одмори, но и начинот на кој спиете.
Кај многу жени виснатата кожа и брчките се појавуваат токму поради начинот на кој спијат, а со оглед на тоа дека тие исти движења се повторуваат секоја ноќ, многу жени сами несвесно го уништуваат својот изглед. За кожата е најлошо спиењето на страна и на стомак бидејќи така секоја ноќ го „збрчкуваме лицето“ на перницата цели 8 часа, предупредуваат стручњаците.
Поради таквото спиење брчките се создаваат на подрачјето околу очите, носот и на обрзаите, но и на градите. За убавиот изглед секојдневно треба да се потрудите и да научите да спиете на грб, а ако не можете да се одвикнете од спиењето на страна, барем запијте додека лежите на грб.
Лицето на сатенот едноставно лизга, додека на памукот се збрчкува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


