| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Петрески: Не сум двоцевка

petreskiДа не го чекаме септември, еве ја шансата во еден ден, на 24 март, вашиот глас да се брои двапати – им се обрати лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на илјадниците охриѓани на вечерашниот митинг во Охрид на коалицијата „Сојуз за иднината“.

Според него бојкотот е прекинат, но отпорот продолжува.

– Народот може многу да издржи, но чашата ќе се прелее. Тогаш кога ќе тргне, нема сила која може да го запре. Благодарение на вашата упорност и верба, предвремени парламентарни избори ќе има. Нека го искривуваат договорот, нека се инаетат, лажно нека го читаат и преведуваат. Соочување со народот и со народната казна ќе има – додаде тој.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од здружената опозиција, актуелниот градоначалник, Александар Петрески рече:

– Јас, актуелен градоначалник на светиот Охрид, ветувам – Охрид не го даваме. Ќе има многу непроспиени ноќи, тешки утра и денови.  Велат дека сум заспал на средбата со бандини, чии блиски рекоа дека се вљубени во него. Јас не сум двоцевка во мене да се вљубува, во него нека се вљубува. Па и рекоа: Зини земјо, лапни ме. Дај Боже, ќе се спаси не Охрид, туку и Македонија – истакна тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top