„Велешка питијада 2014“ годинава ќе се одржи по 11 пат, на 10, 11 и 12 октомври, најави на прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев.
Чадиев информираше дека локацијата по барање на угостителите ќе биде на просторот пред кафетериите на улица „Благој Ѓорев“, но со многу подобра организација на просторот. Тоа, смета тој, ќе овозможи сите гости и учесници да имаат подеднакови услови, да се зачува зеленилото на тротоарите, а во истовреме да се овозможи слободно движење на гостите.
– Интересот за учество на оваа манифестација годинава е многу поголем како од производители на пити, така и од винарниците затоа што питата и виното секогаш одат заедно. Досега се пријавија околу 30 учесници од Велес и регионот, прозводители на пити и винарници. Учесниците од регионот се винарници од општините од вардарскиот плански регион. Бројката на учесници сѐ уште е отворена и подготвени сме да обезбедиме штанд за секој учесник – истакна градоначалникот Чадиев.
Во музичкиот дел ќе настапат Миле Кузмановски и Наум Петревски со група „Виртус“, Ефто Пупиновски, Блага Петреска со групата „Академци“ и Нино Величковски со „Кумановски тамбураши“.
На 11 октомври во вечерните часови ќе настапат популарниот млад изведувач Маид, домашната рок-група „Ареа“ и „Прљаво казалиште“. На 12 октомври (недела) бината е резервирана за Дани, Александар Тарабунов и за Бени Шакири со групата „Нонстоп“, чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација. Инаку, преку цел ден ќе биде организирана програма со велешки естрадни уметници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џамбо Агушев, Здравко Чолиќ, „Рибља чорба“, Суперхикс, ДНК…Ова е програмата за велешката питијада
-
Штипската „Пастрмајлијада“ завршува вечерва со концерт на Здравко Чолиќ
-
Велес ве кани на „Питијада“ и на одлична музика (распоред на настапи)
-
На велешката Питијада за два дена изедени околу 22 илјади пити и испиени 4,6 литри вино