| четврток, 6 декември 2018 |

Велес ве кани на „Питијада“ и на одлична музика (распоред на настапи)

„Питијадата“ како културна манифестација oваа година се одржува по 13. пат. Терминот на одржување е 7, 8 и 9 октомври 2016 година. И оваа година на истата локација, на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.

Првата вечер на 7 октомври (петок) ќе настапат групата „Виртус“, Елена Велеска, Јордан Митев, групите „Маестро“, „Љубојна“ и „Агушеви“ и популарната македонска пејачка Каролина Гочева.

В сабота атмосферата ќе ја загреваат Антонија Гигоска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и „Тропико бенд“, а вечерта ќе ја заокружи настапот на еден од најпознатите балкански музички изведувачи Жељко Јоксимовиќ.

На 9 октомври (недела) со настапот на „Ај кју“, „Нокаут“, ДНК и „Ван Гог“ ќе заврши годинешната манифестација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top