| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ќе го разгледа барањето за увоз на црвена пиперка

crvena-piperka

Барањето  од преработувачите на овошје и на зеленчук за увоз на  црвена пиперка од соседните земји  во следните денови ќе биде разгледано од владините комисии, а потоа став ќе заземе и Владата, информираше денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање Ставрески рече дека барањето, откако ќе биде разгледано од комисиите, ќе биде ставено на седница на Владата и тогаш ќе се зазеде став.

Преработувачите на овошје и на зеленчук бараат да се дозволат квоти за увоз на црвена пиперка од соседните земји,  бидејќи останале без суровина поради намаленото производство од привременските услови и продажбата на домашното овошје и зеленчук на пазарите на големо.

Според  Асоцијацијата на преработувачи на овошје и на зеленчук, поради немањето суровина, капацитетите се недоволно искористени, а дел од договорените нарачки кон странство се откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top