Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146.245.756.000 денари и бележи пораст од 16.2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 199.947.002.000 денари што е зголемување за 11.2 отсто во споредба со првото полугодие лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701.246.000, а покриеноста на увозот со извоз е 73.1 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно