Припадниците на Жандармеријата на 28 септември го претепаа Андреј Вучиќ и Предраг Мали, како и две лица од неговото обезбедување. „Прес он лајн“ дојде до ексклузивна снимка на која се гледа дека припадниците на жандармеријата, братотот на премиерот повреден го држат заробен во влез на зграда, пред да повикаат лекар.
Иако Андреј во еден момент побарал да биде префрлен в болница поради болки во стомакот, припадните на жадармеријата, дури по пристигнување на Веселин Милиќ, начелник на белградската полиција, повикале Брза помош.
На снимката јасно се слуша како Андреј Вучиќ им се обраќа на жандармите и им вели дека уредно се легитимирал.
– Јас извадив лична карта- рекол Вучиќ.
На сето тоа му претходела караница пред влезот во зградата, кога припадниците на жадармеријата барале од возачот на автомобилот (од Војната полиција) да излезе од автомобилот тврдејќи дека има пушка и се обидува да ја репетира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето се обидува да побегне, убиецот го брка – вознемирувачка снимка од ликвидацијата во Подгорица
-
Дали треба да сме загрижени? Рамката од прозорецот на авионот со рака се одделува од ѕидот…
-
Фасцинантна глетка: Можно ли е патник во авион да снимил анѓели? (видео)
-
Вистински паднат ангел снимен со камера: Неверојатна снимка што ќе ве остави без текст