| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјани предадени во замена за ослободување заложници (фото)

jihadistislika
Турција ѝ предаде 180 муџахедини, меѓу кои и двајца македонски државјани и двајца британски државјани, на групата Исламска држава во замена за ослободување на заложниците киднапирани од турскиот конзулат во Мосул, објави британскиот весник „Тајмс“.
Во септември беа ослободени 49 турски државјани, кои беа киднапирани од турскиот конзулат во Мосул во јуни од борците на ИД.

„Тајмс“ наведува дека меѓу разменетите џихадисти се британските државјани Шабаз Сулејман (18) и Хишам Фолкард (26). Весникот го добил списокот со имиња на муџахедините, меѓу кои имало и тројца Французи, еден Швеѓанец, еден Швајцарец и Белгиец и уште двајца од Македонија.

Како што пишуваат албанските медиуми во земјата, станува збор за Мухамед Зекир од Охрид и за Бенјамин Ху од скопски Грчец.

Меѓутоа, нема официјална потврда за тоа дека тие биле во групата која била разменета од страна на Турција и ИС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top