Мојата мајка Јулијана Лукшиќ (64) беше убиена од Дарко Костиќ и уште еден негов пријател. Тие ја заклале при обид за грабеж. Вели Валерија Симончиќ, ќерка на првата жртва на монструмот кој пред извесно време ја уби малолетната Ивана Подрашчиќ.
Страв и морници. Така се почувствував кога го слушнав името на Дарко Костиќ. Тој пред 21 година ја уби мојата мајка Јулијана и доби казна од седум години затвор.
Јулијана живеела во стан на улицата Степан Војвода 38, а тогаш во 1993 година била свирепо убиена. Првослав Јеремиќ и Дарко Костиќ ја соблекле до гола кожа, со кабел ѝ ги врзале рацете и нозете а потоа ѝ го пресекле вратот, ѝ го распарале стомакот, за на крајот да уринираат по телото на жртвата како ништо да не се случило, вели Валерија.
Таа додава дека била шокирана кога видела дека убиецот на нејзината мајка е всушност убиец и на Ивана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија