По одисејата што ја имаше во катарскиот клуб Ал Сад, иконата на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација Раул нема намера да ја заврши кариерата. Иако има 38 години, тој во моментов се наоѓа во Њујорк на одмор и таму веќе се почнати преговори да ја продолжи својата кариера во Њујорк космос, каде што своевремено настапуваше и најдобриот фудбалер на светот – Пеле.
Американците го убедуваат да ја смени средината и да ја продолжи кариерата преку „барата“ и како стојат работите досега, Раул по Реал Мадрид, Шалке и Ал Сад ќе го облече дресот и на Космос, кој, најверојатно, ќе му биде последна страница од богатата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Раул Гонзалес: Што побрзо да ја заборавиме победата против Словенија
-
Вујо пред ЕП во Хрватска: Македонија е посилна со Раул Гонзалес отколку со Червар!


