| четврток, 6 декември 2018 |

Како ЦИА го собори Милошевиќ: 60 милиони долари за негово симнување од власт

За симнувањето од власт на поранешниот претседател на Социјалистичка Република Југославија и лидер на СПС, Слободан Милошевиќ, Америка дала повеќе од 25 милиони долари, а додека, пак, заедно САД, Велика Британија и Германија за таа цел издвоиле повеќе од 60 милиони долари. Во планот за уривањето на Милошевиќ биле вклучени и специјалци на ЦИА, САС и многу други разузнавачи.

Slobodan-Milosevic

Симнувањето од власт на Милошевиќ е процес кој бил планиран долго време, а во Брисел дури било и предложено и убиство на претседателот на СРЈ.

Англискиот репортер и уредник за меѓународни односи на телевизиската станица „Скај њуз“, Тим Маршал, тврди дека САД дале огромни суми пари за соборување на Милошевиќ, па така, според неговите зборови, само во 2000 година во Србија влегле повеќе од 25 милиони долари.

Освен Маршал, овие тврдења ги изнесува и Американската агенција за меѓународен развој, која на својата веб-страница објавила дека во 2000 година, околу 25 милиони долари Америка уплатила за соборување на Милошевиќ, а неколку стотина илјади евра му се дадени директно на „Отпорот“.

marsal

Маршал во својата книга „Игра на сенки – петтооктомврсика смена на власт во Србија“, пишува дека Америка, Британија и Германија потрошиле повеќе од 60 милиони долари за финансирање на српската опозиција и соборување на режимот на Милошевиќ.

– На случувањата кои се одиграле на 5 октомври 2000 година им претходела голема подготовка. Никој од милион луѓе кои тој ден биле во Белград не се разбуди и дојде до идеја да оди од престолнината и да ја запали зградата на Парламентот. Во селската кафеана во Лакташи, во Република Српска, на 4 октомври е одржан состанок на британските разузнавачи, службеници на ЦИА и претставници на ВОЈ, а Британците како телохранителни донеле екипа на специјалци на САС. На тој последен состанок требало да се донесе конечна одлука за тоа што ќе се случува следниот ден. Луѓето од воените разузнавачки служби јасно рекле: „Дури и ако Милошевиќ ја повика војската да излезе на улица, Врховната команда нема да го послуша“ – изјавил Маршал во едно интервју.

Тој на прашањето од каде му е податокот дека за соборување на Милошевиќ биле потрошени повеќе од 60 милиони долари одговорил:

„Тоа не е никаква тајна, доволно е да се видат документите на американскиот Конгрес. Тоа е вкупната сума која е потрошена во Србија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top