Епидемијата со жолтица во Скопје не стивнува. За една недела има 32 регистрирани случаи. По неколку заболени има во сите скопски општини. Меѓу заразените има деца од тригодишна возраст, ученици, средношколци, објави „Здравство24“.
Жолтица добиле наставник, двајца професори и тројца лекари. Според епидемиолозите, тие се заразиле преку приватни контакти. Училиштата сѐ уште не се извор на зараза. Од скопскиот центар за јавно здравје велат дека засега станува збор за тивка епидемија. Не можат да предвидат дали жолтицата ќе се прошири во училиштата. Но, ја следат состојбата на терен и спроведувањето на превентивните мерки.
Од почетокот на епидемијата досега жолтица добиле 231 лице. Од нив повеќе од половината се на возраст од 7 до 14 години. Најмногу има во Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.