Тврдењата дека се одвивала размена на затвореници меѓу терористичката Исламска држава и Турција, во која биле инволвирани муџахедини од Велика Британија, се веродостојни, пренесува „Би-Би-Си“.
Според „Тајмс“, во јавноста е излезена листа на муџахедини предадени на Исламската држава, на која се наоѓале и двајца Македонци.
На листата уште се наоѓаат двајца Британци, тројца Французи, двајца Швеѓани, еден Швајцарец и еден Белгиец.
Британците Шабаз Сулеман (18) и Хишам Фолкард (26) биле меѓу 180 борци на ИД кои биле дел од замената со 46 турски заложници.
Турците биле заробени од конзулатот на нивната земја во Мосул, Ирак во јуни.
– Информирани сме дека Британец е пријавен за исчезнат во Турција во 2014 година – велат официјалните лица.
Според весникот, во договорот се вклучени и борци на ИД кои биле во турските болници, како и борци кои биле во рацете на сириските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.