| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл без конкуренција, прогласен за најдобар фудбалер на Велс

Крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл, по четврти пат е прогласен за најдобар фудбалер во Велс, во избор на националниот сојуз.

Со тоа што четири пати по ред е прогласен за најдобар фудбалер, Бејл постави и рекорд бидејќи претходно по трипати ова признание го освојувале Марк Хјуз и Џон Хартсон.

– Ова беше навистина фантастична година. Во Реал дојдов поради трофеи и среќен сум што ги освоив во првата сезона – изјави Бејл.

Бејл минатата сезона со „кралскиот клуб“ ја освои титулата во Лигата на шампиони, а покрај тоа и Европскиот суперкуп, како и Кралскиот куп на Шпанија. Минатата сезона Велшанецот за Реал одигра 44 натпревари и постигна 22 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top