| четврток, 6 декември 2018 |

НБА ги продаде ТВ-правата за 24 милијарди долари

Телевизиските мрежи „ТНТ“ и „ЕСПНЕ“ ги добија ТВ-правата за престижната НБА-лига, за која ќе мора да издвојат 24 милијарди долари.

Договорот што го постигнаа со челниците на најсилната кошаркарска лига ќе почне од натпреварувачката кампања 2016/2017 година, а важи за девет сезони.

Со ова НБА договори трипати побогат профит. „ТНТ“ ќе им го понуди олстар-дуелот на обожавателите, а „ЕСПН“ 100 натпревари.

pck7zinjygamwxz0xdxo

Со оваа зделка и дел од НБА-асовите ќе заработуваат подобро од досега, пред сè најдобрите, кои заслужуваат дел од профитот од телевизиските права.

Благодарение на тоа што и „Фокс спортс“ заедно со ривалите се обидуваше да ги добие натпреварите од НБА, ги натера „ТНТ“ и „ЕСПН“ да издвојат повисока сума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top