| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје со Центар за контрола на сообраќајот

Skopje

Градот Скопје ќе го финансира Центарот за управување и контрола на јавниот сообраќај, кој е формиран како дел од јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Според градскиот совет дополнително ќе се утврдува колку пари ќе издвојува Градот за ЦУКС. Задачата на Центарот за управување и контрола на јавниот сообраќај е да го контролира јавниот сообраќај, да го следи протокот на градските автобуси по сите траси, да ги следи состојбите на раскрсниците и слично.

Во образложението на одлуката за финансирање на  ЦУКС стои дека ваквиот  Центар е дел од мерките за поефикасен сообраќај и веќе неколку пати е истакнуван пред меѓународните финансиски институции и партнерства во европски проекти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top