| четврток, 6 декември 2018 |

Странски медиуми: Првпат од независноста во Македонија се осудени шпиони

Пресудите за 17 обвинети во случајот „Шпион“ на судот во Скопје предизвика публицитет во американските и во европските медими.

Spion-8-e1392710838956

Американската компанија „Фокс њуз“ објави дека станува збор за прв шпионски случај во Македонија откако земјата пред 23 години излезе од тогашната југословенска федерација.

Осуммина се обвинети за шпионажа, а другите деветмина за разни кривични дела, како криминално здружување, уцени и фалсификување, пишува во својот прилог од Скопје „Фокс њуз“ повикувајќи се на агенциските извештаи за случајот и за судењето.

Американската ТВ компанија јавува дека целата група осудени се обвинуваат за „предавање доверливи документи“ на странски разузнавачки агенции, но досега не се споменува за која земја станува збор.
„Фокс“, како и другите медиуми во Европа, јавуваат дека најголемиот дел од судењето било извршено зад затворени врати како и дека сите обвинети не се именувани.

Меѓу осудените има поранешни вработени во разузнавањето, во Агенцијата против перење пари, во Министерството за одбрана и кај Финансиската полиција.

Британската „Би-Би-Си“ посочува дека најголеми казни имаат добено главниот обвинет Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор, како и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, кој доби девет години затвор.

Француската агенција АФП забележува дека овој шпионски круг дејствувал неколку години, во периодот од 2009 до 2012 година.

Сите обвинети и нивните адвокати најавиле дека ќе се жалат на пресудите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top