Ова е листа на обработена храна што не треба да се јаде често. Се разбира, тоа не значи дека морате засекогаш да ја одбегнувате, но со често консумирање на долунаведените намирници сериозно може да го загрозите своето здравје.
Пилешки медалјони
Колку и да се вкусни пилешките медалјони, во иста мера се обработени, и тие кои може да ги купите во рестораните, како и тие кои ги купуваме во маркетите. Наместо тоа, употребите свежо пилешко месо, кое може да биде многу вкусно и полно со здравје за вашето тело.
Смрзнати пици
Овие пици поминуваат голем процес на обработка, што значи дека содржат многу хемикалии кои никако не се корисни за нашето здравје. Да не ги споменуваме калориите и маснотиите што ги содржат.
Хот-дог
Наместо да влегуваме во дебати дали се точни сите приказни за виршлите, ќе се согласиме дека тие се нездрав избор на храна, како и секој сувомеснат производ. Подобро одберете свеж хамбургер или пилешко на скара.
Колачи
Тука спаѓаат мафини, кекси, крофни, кроасани кои се подготвени и спакувани и се продаваат во маркетите. Преполни се со маснотии кои му се закануваат на вашето здравје, на срцето и се одговорни за вишокот килограми.
Чипс
Некои видови чипс се во ред, но некои имаат премногу додатоци, вкусови, бои кои на вашето тело му нанесуваат штета. Ако толку многу сакате чипс, одберете го оној кој е само пржен и зачинет со сол.
Пуканки од микробранова печка
Овие пуканки се многу обработени. Содржат една супстанција која е поврзана со проблемите на белите дробови. Без разлика колку се вкусни, прескокнете ги и испечете ги оние со полно зрно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.