| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанска болничарка заболела од ебола

Шпанска болничарка којашто го лекувала свештеникот во Мадрид што почина од хеморагиска треска во септември, исто така, се заразила и стана првото лице што се заразило со овој вирус надвор од западна Африка, соопштија синоќа шпанските здравствени власти.
Шпанската министерка за здравство, Ана Мато, изјави на прес-конференција дека е воведена постапката за вонредни состојби и дека властите настојуваат да го утврдат изворот на заразата.
Претставници на болницата во која е хоспитализирана заболената медицинска сестра изјавија дека под надзор е ставен персоналот за кој се сомневаат дека биле во контакт со жената, иако засега не е познато ниту за еден други случај на зараза со ебола. Функционери од Министерството за здравство рекле дека под опсервација се ставени 30 здравствени работници кои се грижеле за шпанските мисионери заразени со ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top