
Претседателот на Русија денеска го слави својот 62. роденден, а роденденската забава ќе се одржи во сибирската тајга.
– Путин ќе го прослави роденденот во тајгата на околу 400 километри оддалеченост од каква било населба – изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рекол дека Путин отпатувал во Сибир уште синоќа, а утре ќе одржи состанок на истото место. Според неговите зборови, сите роденденски честитики ќе бидат испратени во Сибир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


