
Актерката Блејк Лајвли објави дека е бремена по пат на својата веб страна „Preserve“. На фотографијата, која ја сними нејзиниот брат Ерик, актерката нежно гледа во својот веќе пораснат стомак.

Ова ќе биде прво дете на славната актерска двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои се запознаа во 2010 година на снимањето на филмот „The Green Lantern“, а пријателите, семејството и обожавателите ги изненадија со венчавка во септември 2011 година.
– Отсекогаш сум сакала да имам големо семејство. Би сакала да имам 30 деца, кога би можела- изјавила актерката во едно интервју. Се чини дека нејзниот сопруг нема ништо против.
– Сакаме да имаме големо семејство. Двајцата доаѓаме од бројни семејства, моите родители имаат 4, а на Блејк 5 деца. Многу луѓе ни велат дека тоа е лудо, но ние сами ќе одлучиме за тоа – вели Рајан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


