| четврток, 6 декември 2018 |

Приштински медиуми: Јахјага во Белград на 1 ноември

jah

Косовската претседателка Атифете Јахјага би требало да дојде во Белград на 1 ноември, јави Танјуг.
Според приштинските медиуми, на Јахјага и пристигнала покана да учествува на трилатералниот состанок што во Белград ќе го организира Европската комисија.
Портпаролот на претседателката на Косово Арбер Влахиу потврди дека од ЕК пристигнала покана за Јахјага во нејзиниот кабинет.
– Поканата пристигна и во моментот се разгледува можноста за посета на Јахјага на Белград – рече Влахиу, додавајќи дека официјална одлука се уште не е донесена.
На трилатералниот состанок, како што пренесува порталот „Телеграф“ на албански јазик, поканети се и српскиот премиер Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top