| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА го казни Партизан со 40 илјади евра поради расизам

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска му изрече парична казна на Партизан во висина од 40 илјади евра и затворање на еден дел од јужната трибина за следниот дуел на домашен терен.

Белградскиот клуб е казнет поради расистички испад на неговите навивачи на средбата со Тотенхем. Тогаш на трибината со „Гробари“ беше истакната парола со антисемитизам алудирајќи на сопствениците на лондонскиот клуб кои се Евреи.

За следниот натпревар во Лига на Европа со Бешикташ, Партизан нема да смее да го отвори секторот К.

Од раководството на Партизан ги предупредија своите навивачи дека сличен инцидент би можело да значи следна санкција за Партизан од три натпревари домаќин надвор од Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top