Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, изјави дека е сигурен дека и оваа година Кристијано Роналдо ќе ја освои Златната топка.
Португалскиот фудбалер е во одлична форма, а тоа го потврди во неделата кога постигна хет-трик во натпреварот против Билбао. Роналдо за сега постигна 13 гола на само шест натпревара.
– Воопшто не се сомневам дека и оваа година ќе триунфира во изборот за Златна топка. Роналдо одигра фантастично, како и Бензема и Бејл. Мораме да продолжиме со ваквите победи – изјави Анчелоти.
Роналдо во неделата го постигна својот 22. хет-трик во шпанската Примера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца


