Посетителите на годинашната 181. по ред фестивалска атракција „Октоберфест“, која заврши во неделата, испија значително помалку пиво од лани.
Ако минатата година околу 6,4 милиони посетители вкупно испија 7,7 милиони литри пиво, на годинашниот фестивал посетата опадна за 1,5 процент, но потрошувачката на пиво беше намалена дури за 1,2 милиона литри.
Помалку луѓе, помалку алкохол, логично, доведоа и до помалку лекарски интервенции и апсења, па барем медицинските лица и полицајците се задоволни од годинашното издание на „Октоберфест“.
Имаше точно 600 регистрирани случаи на труење со алкохол, а имаше 720 апсења, главно поради тепачки. „Имавме сè, од гризење до удари“, изјави портпаролот на минхенската полиција Волфганг Венгер.
Падот на бројките се припишува на лошите временски услови на почетокот од фестивалот.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.















